Нотингем Форест го продолжи договорот со Новозеланѓанецот Крис Вуд до 2027 година.
Вуд оваа сезона игра во животна форма. Откако му се приклучи на тимот во 2023 година, тој успеа да постигне 29 гола на 58 натпревари, а само оваа сезона беше прецизен 13 пати.
„Шумарите“ имаат одлична сезона во Премиер лигата, во моментов го делат второто место со Арсенал.
Покрај за Нотингем, Вуд настапуваше и за Њукасл, од каде пристигна во сегашниот тим, а пред тоа настапуваше за ВБА, Брајтон, Барнсли, Бирмингем, како и за многу други клубови.
Текстот Вуд ќе остане во Нотингем до 2027 е превземен од МАКФАКС.