Второто барање за импичмент на јужнокорејскиот претседател Џун Сук-Јол поради прогласување воена состојба на 3 декември денеска беше доставено до парламентот.
Главната опозициска Демократска партија планира да го стави предлогот на гласање на претстојната пленарна седница во сабота, објави Јонхап.
Првото барање за импичмент на Јун беше одбиено минатата сабота, откако мнозинството пратеници на владејачката партија го бојкотираа гласањето.
Текстот Второто барање за импичмент на јужнокорејскиот претседател објавено во парламентот е превземен од МАКФАКС.