Врховниот суд на САД ја блокираше одлуката на претседателот Џо Бајден да воведе задолжителна вакцинација против коронавирус во компаниите со повеќе од 100 вработени. Судот, сепак, ја потврди задолжителната вакцинација за вработените во здравствените установи кои користат федерални средства.
По неколкумесечни обиди да ги убеди оние кои се двоумат да ја примат вакцината, Бајден во септември објави дека сака вакцинацијата да биде задолжителна за неколку категории вработени. Мерката веднаш беше осудена од републиканците и дел од бизнис заедницата, сметајќи дека тоа е злоупотреба на положбата на Бајден.