Првите натпревари од осминафиналето на Лигата на шампионите ќе се играат во следните два дена, а дерби натпреварот ќе се одигра вечерва помеѓу мадридските клубови, Реал и Атлетико.
Реал Мадрид групната фаза од Лигата на шампионите ја заврши на 11. место на табелата со 15 бодови, поради што мораше да игра бараж за пласман во осминафиналето. Тимот на Карло Анчелоти го победи Манчестер сити во два меча во баражот за осминафиналето на Лигата на шампионите (3:2, 3:1).
Атлетико, групната фаза од Лигата на шампионите ја заврши на петтото место на табелата со 18 бодови и избори директен пласман во осминафиналето.
Вчера двајцата тренери одржаа прес конференции. Карло Анчелоти и Диего Симеоне си поделија комплименти и најавија дека нивна цел е пласман меѓу најдобрите осум екипи во Европа.
Поголеми кадровски проблеми има Карло Анчелоти. Познато е дека сезоната е завршена за Дани Карвахал и Едер Милитао, а вечерашниот дуел ќе го пропуштат Џуд Белингем поради жолти картони и Дани Себаљос поради повреда. Диего Симеоне ќе го составува тимот без повредените Коке и Цесар Аспиликуета.
Интересно, Реал нема победа над Атлетико во последните седум натпревари.
Лига на шампиони, осминафинале,
Вторник:
Клуб Бриж – Астон Вила 18.45 часот
Борусија Дортмунд 21.00 часот
ПСВ – Арсенал 21.00 часот
Реал Мадрид – Атлетико Мадрид 21.00 часот
Среда::
Феенорд – Интер 18.45 часот
Баерн – Баер Леверкузен 21.00 часот
Бенфика – Барселона 21.00 часот
ПСЖ – Ливерпул 21.00 часот
Текстот Време е за „Мадрилењо“ во Лигата на шампионите е превземен од МАКФАКС.