Тиквата е идеална и неопходна есенска намирница, богата со лековити состојки, вкусна, а во исто време нискокалорична.
Науката докажа дека во тиквата се наоѓаат голем број на фитонутриенти каротеноиди.
Каротеноидите се одговорни за портокаловата боја на оваа намирница, но и за многу лековити својства на тиквата. Меѓу нив се алфа-каротен и бета-каротен, познати и како провитамини на витаминот А, затоа што можат да се претворат во активна форма на витамин А.
Корисни ефекти на тиквата
Меѓу зеленчукот, тиквата е една од најпознатите концентрирани извори на алфа-линоленска киселина (ALA), омега-3 есенцијална масна киселина која е многу добра за здравјето на срцето.
Оваа киселина се претвора во EPA, масна киселина која ја има во риби, за која е утврдено дека ги намалува триглицеридите и спречува промени во срцевиот ритам. ALA во самата исхрана го намалува ризикот од појава на срцеви заболувања.
Освен со својата концентрација на провитамин А е одличен извор на витамин А, исто така е добар извор на витамин Ц. Тоа синергиско дејство на антиоксиданти не само што придонесува за здравјето на срцето, туку и на целокупното здравје бидејќи помага во спречување на атеросклероза.
Бидејќи содржи дури 90 проценти вода, лесно се вари, а покрај тоа содржи и влакна. Одлична е за сите оние кои имаат дигестивни проблеми затоа што го стимулира варењето и со тоа го смирува дигестивниот тракт.
Таа овозможува подобро функционирање на црниот дроб и жолчката, содржи ензими кои ја разградуваат маснотијата во крвта. Исто така, го подобрува излезот на уринарниот систем, помага при воспаление на уринарниот тракт и спречува настанување на камења во бубрезите.
Тиквата може да се конзумира сирова, варена, печена или пржена. Покрај месестиот дел, се користат и нејзините семки кои ги има многу со оглед на вкупната тежина на овошјето.
Семките од тиква содржат неспоредливо многу поголема енергетска и хранлива вредност од месениот дел за јадење од тиквата. Тие содржат 30 проценти протеини, од 25 до 38 проценти масти, околу 5 проценти смола, есенцијално масло, шекер, пектин и ензими, како што се кукурбитин, фитостерон и токоферол.
Од семките од тиква, ладни цедени, се добива масло кое всушност е екстракт од семки со сите нејзини лековити својства. Маслото, исто така лесно се вари, полно е со незаситени масни киселини кои ги содржат сите наши телесни клетки и поттикнува регенерација на клетките, зајакнување на имунитетот и нервниот систем.
Маслото од семки од тиква го спречува појавувањето и развојот на артериосклероза, го разложува згрутчувањето на крвта и наслагите на ѕидовите на крвните садови и така штити од срцев удар, но и од мозочен удар.