Лука Јовиќ (27) оваа сезона три пати играше за Милан во Серија А, поточно на теренот мина само 78 минути. Српскиот центарфор не е во плановите на новиот тренер Серж Консеисао. Сличен статус Јовиќ имаше и кај претходниот тренер Паоло Фонсека.
Милан е подготвен да го пушти без обештетување за да заштеди на неговата плата. Јовиќ има договор до крајот на сезоната и во следните шест месеци ќе заработи милион и пол евра. Тој за 500 илјади евра пристигна во Милан од Фиорентина во септември 2023 година. Постигна девет гола и еднаш асистираше во 33 натпревари за Росонерите.
Јовиќ беше хит напаѓач во 2019 година, кога од Ајнтрахт Франкфурт се пресели во Реал Мадрид за 63 милиони евра. Во Реал крај Карим Бензема не доби вистинска шанса, па многумина сметаат дека Јовиќ е најлошото засилување во историјата на клубот.
За Реал одигра 51 натпревар, постигна пет гола и забележа исто толку асистенции.
Текстот Вредеше 63 милиони евра и играше за Реал, сега никој не го сака ни бесплатно е превземен од МАКФАКС.