Словенија е еден од ривалите на Македонија на Европското ракометно првенство (ЕП) кое овој јануари ќе се игра во Унгарија и Словачка.
Предводникот на оваа репрезентација, Љубомир Врањеш, активно работи со екипата и ја темпира формата.На собирот на кој Словенците се подготвуваат за пријателските натпревари, Врањеш не говореше многу за континенталниот собир. Во целост е фокусиран на првиот натпревар против Македонија.
„Наша прва цел ни е да ја победиме Македонија, а потоа ќе говориме за нешто друго. Засега подготовките одат по планот, атмосферата е добра и се надевам дека подготвени ќе влеземе на првенството“, изјави Врањеш.
Натпреварот меѓу Македонија и Словенија се игра во Дебрецен, а е закажан на 13 јануари од 18:00 часот.