Министерот за здравство Венко Филипче потпиша анекс на колективниот договор со синдикалните здруженија на здравствените работници, со кој во 2022 година е предвидено да се реализира зголемување на платите за 5% за сите вработени во здравството.
Вкупно 600 милиони денари се издвоени за оваа намена за 2022 година.
Во изминатите 4 години оваа Влада го врати достоинството на лекарите и медицинскиот персонал. Основната плата на лекарите специјалисти ја зголемивме за 40%, на медицинските сестри помеѓу 20% и 23%, на општите лекари за 25%, а на здравствени соработници за 15%. Платите на лекарите специјалисти некаде се дуплирани. Го коригиравме коефициентот за дежурства. На младите колеги специјализанти им овозможивме здравствено осигурување, платени дежурства и месечен надомест во висина на основна плата на општ лекар“, вели Филипче.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.