Швајцарија го пријави својот прв случај на нова варијанта на мајмунска сипаница, Clade 1b, а поединецот е изолиран, соопшти денеска Федералниот институт за јавно здравје.

Официјалните лица објавија дека заразеното лице е патник кој се враќал од Африка и дека нема опасност од ширење на инфекцијата во околната заедница, објави „Свисинфо“.

Светската здравствена организација објави дека Clade 1b е позаразна и поопасна од претходните варијанти на мајмунска сипаница.

Во средината на август минатата година, Светската здравствена организација прогласи вонредна состојба за јавно здравје од меѓународно значење поради појавата на мајмуни сипаници, а на крајот на февруари организацијата одлучи да ја задржи меѓународната здравствена вонредна состојба.

Напорите за спречување на епидемијата се отежнати од борбите во источниот дел на Конго, каде што новата варијанта на мајмунска сипаница, Clade 1b, се шири од 2024 година, пренесува Танјуг.

Текстот Во Швајцарија откриен првиот случај на нов вид на мајмунски сипаници е превземен од МАКФАКС.