Самитот „Еден океан“ што почнува денеска во Брест, Франција и ќе трае до 11 февруари има за цел да ја мобилизира меѓународната заедница да преземе опипливи активности за зачувување и поддршка на здрав и одржлив океан.
Самитот е можност да се започне втората година од Декадата на океанот со првите големи меѓународни обврски за заштита на океанот и враќање на неговото здравје. Самитот се одржува во контекст на француското претседателство со Советот на Европската унија, со поддршка на Обединетите нации.
Целта на самитот Еден Океан е да се подигне колективното ниво на амбиција на меѓународната заедница за морските прашања и да се преточи заедничката одговорност кон океанот во опипливи обврски. На 11 февруари, претседателот Емануел Макрон ќе ги собере шефовите на држави и влади, лидерите на мултилатералните институции, деловните лидери и креаторите на политиките на граѓанското општество за да преземат амбициозни.
Во оваа прилика ќе бидат покренати неколку важни иницијативи во корист на заштитата на морскиот екосистем и одржливиот риболов, наменети за борба против загадувањето, особено од пластика, одговор на влијанијата од климатските промени, како и залагање за подобрено управување со океаните.