Средбата меѓу украинската и руската делегација започна во Истанбул.

Средбата се одржува веднаш по кусиот состанок меѓу американските претставници и руската делегација, а во услови на обвинувања дека Москва се обидува да ги саботира долгоочекуваните мировни преговори со ненадејно барање за исклучување на други земји од преговорите.

Претходно беше соопштено дека шефот на руската делегација во Истанбул, Владимир Медински, пристигнал на разговори со Соединетите Американски Држави, кои требаше да претходат на директната средба меѓу претставниците на Москва и Киев. Но, според извори на Ројтерс, Медински ја напуштил средбата со американските претставници.

Украински дипломатски извор тврди дека Русија побарала разговорите со Украина да се одржат во Истанбул во формат еден на еден, без присуство на претставници на Турција и Соединетите Американски Држави. Според истиот извор, тој потег на Москва претставува опструкција на мировниот процес.