Голема полициска акција е во тек во непосредна близина на граничниот премин Богородица, неофицијално дознаваме дека е запленета марихуана вредна околу 200.000 евра.

Уапсени се пет лица, тројца албански државјани и двајца македонски државјани. Од МВР потврдуваат дека е во тек акција за заплена на дрога. Од таму најавуваат повеќе детали утре.