Градот Вовчанск во областа Харкив во моментов е под интензивни воздушни напади на руските воздухопловни сили, соопшти регионалниот шеф на воената администрација Олех Синехубов, додавајќи дека има загинати и ранети, пренесува Би Би Си.
Синехубов изјави дека Русија фрлила повеќе од 20 наведувани бомби врз Вовчанск и околните населени места. Напаѓаат и со повеќе ракетни фрлачи, артилерија и беспилотни летала.
„Украинските сили продолжуваат со одбранбените операции околу северните погранични населби во регионот Харкив“, истакна украинскиот претседател Володимир Зеленски во вечерното обраќање до нацијата.
„Нашите сили извршуваат контранапади и ја штитат украинската територија веќе втор ден“, рече Зеленски.
Украинската војска претходно соопшти дека Русите биле држени во пограничните села во „сивата зона“, додека Русија наводно зазела пет локални населби: Плетенивка, Охорцеве, Борисивна, Пилне и Стрилеча, Кијив Индипендент.
Ситуацијата, рече Зеленски, е „особено тензична“ во регионот на Доњецк, поточно во правец на Покровско кај селата Семенивка и Нетаилова.
„Бележиме повеќе од 30 судири дневно, тоа е исклучително тешко“, рече Зеленски, додавајќи дека „попречувањето на руските офанзивни акции сега е задача број еден“.
Ненадејниот прекуграничен руски напад на копнените сили во североисточна Украина предизвика евакуација на повеќе од 2.500 луѓе од Харкивската област, изјави регионалниот гувернер.
Тешките борби продолжија во пограничната област по вчерашниот ненадеен упад на руските сили. Украина веќе некое време ја очекува руската летна офанзива. Едно од сценаријата е можен обид да се заземе Харкив, вториот по големина град во Украина, каде што живеат повеќе од милион луѓе и две години по почетокот на војната.
Портпаролот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, изјави за новинарите дека Русија „ќе направи дополнителен напредок во наредните недели во обид да воспостави тампон зона долж украинската граница“.
Г. Т.