Автоматска пушка и муниција се пронајдени во стан во Центар во кој престојуваат турски државјани.
Според информациите на МВР, вчера околу 21.50 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје извршија претрес во дом на подрачје на Центар во кој престојуваат турски државјани, при што во помошна просторија се пронајдени и одземени автоматска пушка и две рамки со муниција за пушката.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Текстот Во стан во Центар во кој живеат турски државјани пронајдена автоматска пушка е превземен од МАКФАКС.