Пожарот што избувна синоќа во Специјализираната болница за болести на тироидна жлезда и метаболички болести „Чигота Златибор“ е локализиран дури изутрината, а спасувачите ги принуди да евакуираат околу сто пациенти, меѓу кои и триесетина деца, јави Радио телевизија на Србија.
Пожарот, чија причина се уште не е позната, ги зафати покривот и горниот кат на болницата во зимскиот туристички центар на планината Златибор, при што се евакуирани вкупно 114 пациенти.
Директорот на Специјалната болница Александар Симиќ изјави дека сите неподвижни и други пациенти се евакуирани и сместени во околните хотели.
Засега е неизвесно кога болницата која прима пациенти од повеќето земји во регионот, ќе продолжи со нормална работа./makfax/