Неколку илјади луѓе синоќа со едноминутно молчење во центарот на Софија, оддадоа почит кон жртвите од трагедијата во Кочани Тие се собраа пред Судската палата, пренесе БГНЕС.

Кочани денеска им кажува последно збогум на своите деца кои загинаа во пожарот во дискотеката Пулс на 16 март. 59 млади луѓе, повеќето на возраст од 14 до 25 години, загинаа во најголемата трагедија во градот

Најголемиот дел од починатите се од Кочани, а останатите од Чешиново-Облешево, Штип, Пробиштип и Скопје. Кочани го обзема целосен молк додека жали за својата изгубена иднина.

Илјадници македонски граѓани од целата земја со мирни собири изразија сочувство за тагата на семејствата.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ избувна во раните утрински часови на 16 март. Загинаа 59 лица, а над 170 се повредени. Најтешко повредените се лекуваат во странство.

Текстот Во Софија илјадници луѓе оддадоа почит кон загинатите во Кочани е превземен од МАКФАКС.