Во Скопје ќе се прикажува документарецот “20 дена во Мариупол”

Во Музејот на современа уметност во Скопје на 27 јуни ќе се одржи проекцијата на документарецот “20 дена во Мариупол”, добитник на Оскар за документарен филм во 2024 година.

„Во рамки на изложбата „Украина: Воено злосторство“, која е поставена во Мала станица, овој моќен филм ја продолжува нашата посветеност за прикажување на суровата вистина со која се соочуваат луѓето погодени од војната“, се вели соопштението.

Документарецот ја следи храброста на украинските новинари заробени во градот под опсада, документирајќи ги злосторствата на руската инвазија. Овој документарец е сведоштво за издржливоста на човечкиот дух и неуморната потрага по вистината.

Проекцијата е поддржана од Фондациите Отворено општество – Западен Балкан и e дел од активностите во рамки на изложбата Украина: Воено злосторство“,базирана на истоимената книга издадена од Fotoevidence.