На првиот меѓународно акредитиран имплантолошки Конгрес кој ќе се одржи во Скопје од 18 до 20 април ќе учестуваат врвни стоматолози, орални и максилофацијални хирурзи од Европа, Америка, Азија и Африка.
Конгресот предвидува теоретски, практичен дел и презентирање на напредна хирушка техника во делот на имплантологијата. Токму поради важноста на едукативната компонента која ќе ја има овој Конгрес, организаторите Schuetz Dental GmbH од Германија, Велидент Трејд и IMPLA Study Club од Македонија ќе отстапат едно место за стоматолог специјализант кој ќе се пријави на отворениот повик најдоцна до 10 април. Пријавувањето е едноставно со испраќање на име и презиме, а извлекувањето ќе биде по случаен избор.
Од 18 до 20 април, во хотел Хилтон, Скопје ќе се одржи првиот меѓународно акредитиран имплантолошки конгрес.
За прв пат учесниците на конгресот ќе добијат CME европски кредит поени и меѓународно акредитиран сертификат. Претендираме Македонија да биде во тек со глобалните случувања во сферата на имплантологијата и да остане на мапата како релевантна имплантолошка дестинација”, вели организаторот Татјана Велиновска Димовска.
Дигитализација во стоматологијата, нови трендови во имплантологијата и примена на комплексни хируршки техники се само дел од темите кои ќе ги покрие овој Конгрес. Како предавачи се јавуваат професори имплантолози од Германија, Италија, Романија, Египет, Јордан и САД, а до нив рамо до рамо се и нашите орални и максилофацијални хирурзи: д-р Митко Франгов, д-р Златко Вршковски, д-р Недим Касами, Д-р. Петар Вршковски како и д-р Диана Бојковска која што ќе биде директно инволвирана во презентирањето на напредната хируршка техника заедно со проф. д-р МазенТамими од САД.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.