По повод 10-годишнината од доаѓањето на власт на лидерот Ким Јонг-ун, денеска во Северна Кореја се отвора Музејот на корејската револуција.
Во музејот ќе бидат поставени и фотографии и видеа од, како што пренесуваат корејските медиуми, „најголемите достигнувања на бесмртното лидерство“ на Ким од 2016 година, кога на Конгресот на владејачката Работничка партија, тој вети дека ќе изгради одговорна држава со нуклеарно оружје. Ќе биде изложено и писмо од ноември 2017 година, каде што Ким изјавува дека Северна Кореја го завршила развојот на „државните нуклеарни сили“ по тестирањето нова интерконтинентална балистичка ракета.
Во чест на лидерот, ден претходно се одржала и национална средба на која било констатирано дека Ким ѝ донел на земјата „статус на воена сила опремена со семоќни средства за самоодбрана“.
Ким формално дојде на власт како прв секретар на владејачката партија на 11 април 2012 година, по смртта на неговиот татко Ким Јонг-ил во декември 2011 година.