Во Сараево утре и задутре се одржува 14. Меѓународен вински и гастрономски фестивал „Sarajevo Wine Fest“. Местото на збидувањата е хотелот „Сараево Холидеј“.

Посетителите ќе може да го запознаат виното од Босна и Херцеговина и регионот, покрај штандовите на реномираните производители на храна. Годинава, според епидемиолошката состојба, влез во салонот за сите учесници – излагачи и посетители ќе биде овозможен само со законски пропишани мерки или со антигенски тест, кој ќе може да се изврши и на лице место.

„И покрај лошата моментна состојба, успеавме да собереме голем број домашни и странски производители на вино и прехранбени производи од целиот регион, коишто ќе го имаат задоволството да ги претстават своите брендови во убавата и пријатна атмосфера на конгресната сала на ’Холидеј’ хотелот,“ соопштија организаторите на фестивалот.

Сараевскиот „винофест“ секоја година собира голем број гости, дипломатски и академски поединци, но и гости од светот на музиката, спортот, глумата и уметноста воопшто.