Повредата со која се здоби Килијан Мбапе на натпреварот против Арсенал не е сериозна. Тој ќе биде подгтовен за финалниот натпревар во Купот на кралот.
Французинот мораше да го напушти натпреварот во средата навечер поради повреда на скочниот зглоб. Реал загуби од Арсенал (1:2) и ја заврши сезоната во Лигата на шампионите.
Мбапе е суспендиран за дуелот со Атлетик Билбао овој викенд, а ќе го пропушти и гостувањето кај Хетафе в среда, за да биде целосно подготвен за финалето од Копа дел Реј на 26 април.
Мбапе оваа сезона постигна 34 гола и имаше четири асистенции на 49 натпревари во сите натпреварувања.
Финалето на Купот на кралот се игра на стадионот „Ла Картуха“ во Севилја во сабота на 26 април од 22:00 часот.
Текстот Во Реал можат да здивнат, Мбапе не е сериозно повреден е превземен од МАКФАКС.