Натпреварувањето во Лигата на шампионите продолжува утре со реваншот од полуфиналето, меѓу Интер и Барселона на „Џузепе Меаца“ во Милано, додека Арсенал, ден подоцна ќе гостува во Париз кај Пари Сен Жермен.

Интер ќе ја пречека Барселона во Милано во вторник во 21 часот.

Првиот натпревар од двомечот заврши 3:3, при што Интер водеше прво со 2:0, а потоа и со 3:2.

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, по натпреварот изјави дека, и покрај тоа што не успеале да го задржат водството, е задоволен од играта на својот тим.

„Момците одиграа многу добро. Во вторник ќе ќе се случи „финале пред финалето“, победникот ќе игра уште еден натпревар, додека поразениот ќе си оди дома“, рече Инзаги.

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, ја обвини лошата дефанзивна игра на своите играчи во првиот натпревар од двомечот, додавајќи дека неговиот тим мора да победи во реваншот.

„Нè очекува реванш и мора да го добиеме. Финале е пред финалето. Имаме 90 минути за да стигнеме до финалето, тоа е нашата цел. Имаме шанса“, рече Флик по првиот натпревар од полуфиналето.

Барселона последен пат играше во финалето на Лигата на шампионите во 2015 година, кога го победи Јувентус, додека Интер последен пат учествуваше во финалето во 2023 година, кога загуби од Манчестер Сити.

И двата тима влегуваат во реваншот по победите во националните шампионати. Интер ја победи Верона со 1:0 и остана три бода зад првопласираниот Наполи, додека Барселона се врати во игра и го победи Ваљадолид со 2:1 и ја задржа предноста од четири бода пред второпласираниот Реал Мадрид.

Каталонскиот клуб ќе биде му домаќин на Реал Мадрид пет дена по реваншот против Интер, во 35-то коло од Ла Лига.

Текстот Во очекување на нов спектакл, Интер утре ќе ја пречека Барселона е превземен од МАКФАКС.