Палатата „Меј-Линг“ на врвот на ридот Сијаохонг во источен Нанјинг во Кина привлекува голем број туристи… Станува збор за куќа на поранешниот кинескиот генерал и државен претседател, Чанг Кај-Шекај и неговата сопруга Сунг Меј-Линг, по која зданието го добило името.
Куќата има два ката и околу 2.000 квадратни метри. Изградена е меѓу 1931 и 1934 година, во класичен кинески стил со двокрилен покрив со зелени ќерамиди. Чанг Кај-Шекај и неговата сопруга тука биле домаќини на политичари од целиот свет.
Кога се иселиле од неа, по 1949 година, палатата била напуштена со години.
По повеќе десетлетија, во 2013 година, имотот бил целосно реновиран, поради големиот интерес на туристите. На тоа се должи и изгледот на палатата од птичја перспектива.
Имено, од воздух таа сега изгледа како џиновски смарагден приврзок за ѓердан. Тоа се, всушност, дрвјата и зеленилото покрај улицата што води до дворецот.