На Црвениот плоштад во Москва денеска ќе се одржи традиционалната парада за Денот на победата, 9-ти мај, односно 77-та годишнина од капитулацијата на нацистичка Германија пред Советскиот Сојуз во Втората светска војна. Според руското Министерство за одбрана, во маршот ќе бидат вклучени 33 парадни единици со над 10.000 лица. Механизираната колона ќе има 131 вооружен систем.
Advertisements
Во единиците на пешачката парада ќе има офицери, наредници и војници на воените единици и формации на Западниот воен округ, кадети на воени образовни институции, членови на Движењето на младата армија и претставници на различни министерства и агенции, прецизираат од Министерството за одбрана на Русија.