„Ќе ги спроведеме сите наши планови“, порача рускиот претседател Владимир Путин на прославата, организирана по повод присоединувањето на Крим кон Русија. Станува збор за 8-годшинина од настанот по превратот што се случи во Киев во 2014 година. Сега, вели Путин, се врши геноцид врз Русите во Украина. Настанот се одржуваше на преполн стадион во Москва, каде настапувачите и публиката носеа облека со буквата „Z“ – симбол на руската армија во Украина, а главен слоган беше „За мир без нацизам“.

Advertisements

„Сè се сведува на тоа, дека ова единство е универзална вредност за сите народи и претставници на сите вери во Русија и за нашиот народ, пред сè за нашиот народ. А, најдобра потврда за тоа е како се борат нашите момци за време на оваа воена операција – рамо до рамо. Помагаат, меѓусебно се поддржуваат, а ако треба и со сопствено тело го покриваат телото од куршум на бојното поле, по потреба. Вакво единство одамна сме немале. На ум ми доаѓаат зборовите од Светото писмо: „Нема поголема љубов од тоа некој да го даде животот за своите пријатели“, рече Путин.

Прикажи повеќе