Иако американскиот претседател Трамп најави средба меѓу американската и руската делегација во Минхен, организаторите на конференцијата потврдија за Би-би-си дека нема руска делегација присутна во германскиот град.

Според Би-би-си, можно е средбата да биде планирана на друго место во градот, но претставници на конференцијата за Би-Би-Си велат дека е малку веројатно германската влада да и даде визи на руската делегација.

Текстот Во Минхен нема руска делегација, велат организаторите на конференцијата е превземен од МАКФАКС.