Во Мека денеска почнува годинашниот аџилак, еден од петте столбови на исламот, и на него се очекува да присуствуваат повеќе од два милиони муслимани од целиот свет.
Тоа ќе биде најголемиот аџилак откако пандемијата на коронавирусот ги принуди саудиските власти драматично да го намалат настанот, пренесува Хина. Повеќе од 926.
000 аџии учествуваа во 2022 година, во споредба со само 59. 000 претходната година, покажуваат официјалните податоци. Во 2019 година, на аџилакот се собраа околу 2,5 милиони муслимани.
По целосното укинување на ограничувњата поврзани со Ковид-19 и старосната граница, Кралството Саудиска Арабија очекува да се врати на нивоата пред пандемијата, што значи пристигнување на повеќе од два милиони луѓе.
Од сите муслимани се очекува барем еднаш во живото да го извршат аџилакот (хаџот) во Мека, се разбира, доколку имаат средства за тоа и се здрави.
Верниците се собираат во светиот град на неколкудневни ритуали во кои го следат патот на последниот аџилак на пророкот Мухамед.