Генералштабот на Украина соопшти дека руските сили ги засилиле нападите низ источниот дел на земјата. Украинскиот претседател Зеленски рече дека вооружените сили успешно ги ги запираат нападите на истокот и југот на државата. Тој исто така додаде дека рускиот претседател Путин има и други територијални цели во регионот покрај неговите намери да ги окупира источните и јужните делови на Украина.

Advertisements

“Во регионот на Донбас, Азов, Мариупол и Херсон се решава судбината на оваа војна и иднината на нашата држава“, изјави Володимир Зелесни, претседател на Украина

Во меѓувреме, од градот Мариупол објавија ужасни слики. Повеќе од 20 цивили се гледаат како лежат покрај главниот пат. Страшни слики се снимени и во близина на фабриката за железо и челик Илич во северен Мариупол.

“Ќе ги видиме ужасните ѕверства и ужасни воени злосторства во Мариупол кога ќе биде ослободен од Русите. Не знам дали е можно да има преговори со земја или со таков терорист кој би сакал да го убие нашиот народ, да изврши геноцид врз Украинците, да го стори сето она што тие го прават “, изјави Денис Шмихал, премиер на Украина

Главниот обвинител на Украина изјави за Sky News дека убивањето, силувањето и мачењето граѓани е стратегија што Русија ја користи „кога градовите не сакаат да капитулираат“.

“Путин сака да ја уништи Украина и сака да ги убие сите Украинци. Всушност, кога тие доаѓаат и кога градовите не сакаат да се предаваат, тие имаат план А: градовите мора да капитулираат. Ако градовите не капитулираат, тоа значи дека планот Б максимално ќе го исплаши населението. Убиства, силувања, тортура и други брутални ѕверства“, изјави Ирина Венедиктова, главен обвинител на Украина

Венедиктова води тим кој веќе отвори повеќе од 8.000 криминални истраги поврзани со војна и идентификуваше над 500 осомничени.

Министерот за одбрана во Украина, Олексеј Резников изјави дека неговата земја ја чека поканата за учество на состанокот на НАТО што се одржува во Германија на иницијатива на САД. Пентагон покани 40 сојузници да се состанат во Германија на 26 април за да разговараат за Украина и долгорочните безбедносни потреби.

“Некои од поканетите нации и некои од нациите што ќе одат се всушност сојузници на НАТО. Она на што сме фокусирани е да им дадеме средства за да се одбранат и да ја поразат руската агресија“, изјави Џон Кирби, портпарол на Пентагон

Во меѓувреме, советникот на канцеларијата на Зеленски, Михаило Подољак, изјави дека преговорите за можни безбедносни гаранции за Украина – од странски партнери – се во тек и може да завршат во рок од една недела. Советниците на лидерите на САД, Велика Британија, Турција, Полска, Германија, Франција и Израел изразија подготвеност да разговараат за список со безбедносни гаранции за Украина. /Алсат.мк

Шкелзен Аќифи