Досега во Македонија има само еден случај на Омикрон сојот на корона вирусот, а во текот на вчерашниот ден се регистрирани нови 409 случаи на Ковид-19 од направени 4.751 тестирања. Оздравени се 289 пациенти, а починати шест лица. Од новодијагостицираните случаи, во Скопје се 218, Прилеп – 37, Битола – 32, Кавадарци – 19, Велес – 18, Македонски Брод – 9, Кичево и Гевгелија – по 8….
Со таквите податоци, бројот на активни ковид случаи во земјава се искачи на 4.801 пациент.
Досега во државава се направени вкупно 1.581.175 тестирања на Ковид-19, а вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 223.739, додека починати се 7.917 пациенти.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.