Во Латвија има 1.562 атомски засолништа, а се размислува за изградба на нови, покажува истражувањето на Државната противпожарна и спасувачка служба (ВУГД). Овие објекти можат да примат 533.000 луѓе, наведува порталот ЛСМ плус, додавајќи дека Латвија има околу 1,8 милиони жители. Првиот човек на ВУГД, Мартинш Балтманис вели дека службата досега извршила контрола само на објекти во сопственост на државата и општините, од вкупно 4.710 објекти како такви.

„Според Државната копнена служба, во Латвија има 28.000 такви згради. Значи, има уште 23.000 згради кои имаат подземен или подрумски дел, тоа се секако приватни сопственици, но мора да почекаме измени во законот. Ова истражување го направивме за да видиме колку прифатилиштата се усогласени со упатствата“, рече тој и додаде дека едно од насоките е прифатилиштето да биде 0,75 квадратни метри по лице.

Министерот за внатрешни работи Рихардс Козловскис посочи дека луѓето треба да разберат дека засолништата се привремени места на живеење каде, на пример, во случај на воздушен напад, кога се огласуваат сирените, луѓето можат да се засолнат два или три часа додека е во сила алармот. Како што е наведено во планот, воведувањето на специјалната апликација ВУГД „112 Латвија“ на граѓаните ќе им покаже каде се најблиските засолништа и најбрзиот начин да дојдат до нив.

Во главниот град Рига има околу 400 засолништа кои работат како јавни институции, а најголем број од нив се образовните институции – училишта и градинки, кои имаат капацитет за околу 200.000 луѓе, што е околу една третина од граѓаните на градот, известува порталот LSM plus.

На 32 локации се поставени табли за „зелени“ засолништа, соопшти Градскиот совет на Рига, додавајќи дека тоа значи дека се испочитувани сите процедури – целосно соодветни простории и лица одговорни за отклучување на објектите во рок од 24 часа во случај на криза.

Заменик-градоначалничката на Рига, Линда Озола, рече дека во овогодинешниот буџет на Рига се наменети 1,5 милиони евра за реновирање и подобрување на прифатилиштата, а се очекува оваа сума да овозможи реновирање на 30 прифатилишта. „Ги идентификувавме овие 30 локации.

Исто така, многу јасно е дека 49-то средно училиште е една од локациите каде што годинава ќе се спроведуваат подобрувања“, рече таа. Почнувајќи од оваа година, со цел да ги мотивира приватните сопственици да поставуваат засолништа на нивните имоти, Градското собрание на Рига воведе даночни олеснувања до 25 проценти од даноците на недвижности за компаниите кои се прилагодуваат, подобруваат и, доколку е потребно, градат засолништа, и се планира кофинансирање и за сопствениците на куќи кои сакаат да постават засолништа на приватно земјиште.

„Луѓето треба да преземат одговорност за сопствената безбедност. Никој од општината нема да влезе во подрумите на приватни куќи или станбени блокови, нема да изнесува стари гуми или мебел надвор“, изјави градоначалникот на Рига Вилнис Ќирсис, пренесува Танјуг.

Текстот Во Латвија има 1.562 атомски засолништа, се размислува за изградба на нови е превземен од МАКФАКС.