Тесна трка во првиот круг во Куманово имаше помеѓу Максим Димитривески, актуелен градоначалник кој беше практично исклучен од СДСМ и Оливер Илиевски кандидиран од СДСМ. Димитриевски освои 15151 гласови или 32,82 отсто, наспроти Илиевски кој има 15098 или 32,71 отсто од гласовите.
Тони Михајловски од ВМРО-ДПМНЕ е трет со 8567 илјади гласови, Беким Салиу од Алијанса/Алтернатива има 42524 гласови, а Теодора Димитровска од коалицијата ДОМ/ЛДП има 1026 гласови.
Во вториот круг ќе одат Максим Димитриевски и Оливер Илиевски и ова практично ќе биде трка СДСМ против СДСМ.