Mefail Ismaili
Енергетската криза во Косово со часови ги остава без струја граѓаните и стопанството. Сериозна е состојбата во општина Елез Хан каде граѓаните се жалат дека рестрикциите траат со денови, а градоначалникот вели дека најмногу страда економијата. Никој не кажува која струјата ќе биде исклучена, па повторно вклучена и тоа не им остава простор на граѓаните да се подготват за времето кога нема напојување.
„Поминаа 2-3 дена откако почнаа рестрикциите на струја, најлошо е што немаме одреден распоред, немаме информации за времето на исклучување на струјата. Апелирам барем да знаеме точно време, да знаеме кога ќе има прекин на струјата, за граѓаните да се подготват подобро за проблемите што можат да настанат поради тековната редукција. Има рестрикции без точно да се определи времето и тоа ни прави проблеми.“
Граѓаните се револтирани. Понекогаш прекините траат со часови.
Косово има стока и пари со вагони, но ја злоупотребуваат потта на населението. Народот денес трпи за леб и си играат со струјата. Нема струја 24 часа, без струја сме.
Ни велат на секои два часа, но проблемот е што два дена немаме струја, тоа е голем проблем, тоа е ужас.
Вчера немаше седум часа, три пати по два и нешто часа, се седум часа. Некогаш во 6 часот наутро, некогаш во 12 часот навечер, повторно во шест, седум часа прекин.
За в понеделник се најавени граѓански протести. Собранието на Косово ќе одржи вонредна седница на 28 декември. На дневен ред е разгледувањето на вчерашната одлука на Владата за ограничување во снабдувањето со енергија.