Во Италија денеска се уапсени 12 лица за време на операција на државната полиција против супрематистичка и неонацистичка организација со кодно име „Верволф дивизија“.
Истовремено, во тек се уште 13 претреси на куќи по налог на судот во Болоња, пренесува Анса.
Обвиненијата против членовите на оваа организација вклучуваат здружување заради тероризам, пропаганда и поттикнување на кривични дела поради расна, етничка и верска дискриминација и недозволено поседување огнено оружје, наведува агенцијата.
Текстот Во Италија во полициска акција против неонацистичка група уапсени 12 лица е превземен од МАКФАКС.