Во денешниот израелски воздушен напад во Појасот Газа загинаа најмалку 18 лица од само едно семејство.
Како што пренесува МИА, нападот се случи неколку дена откако Министерството за здравство во Газа, соопшти дека бројот на загинати во војната меѓу Израел и Хамас надмина 40.000 и само неколку часа откако официјални лица од САД, Египет и Катар ги завршија дводневните преговори за прекин на огнот.
Во заедничкото соопштение на тројцата посредници се вели дека е претставен предлогот за премостување на јазот меѓу Израел и Хамас и дека тие очекуваат да ги разработат деталите за тоа како да се спроведе евентуалниот договор следната недела во Каиро.