Во израелскиот напад врз јужен Либан бројот на загинати се искачи на девет, повредени се најмалку пет  лица

Според  соопштението на либанското Министерство за здравство што го пренесува МИА, Бројот на жртвите во израелскиот напад врз јужен Либан се искачи на девет

Во израелскиот напад на градот Набатие  во јужен Либан, во кој беше погодена станбена зграда, повредени се пет лица.

Израелската армија соопшти дека цел на военовоздухопловните сили бил магацин за оружје на Хезболах во Набатие.

Исто така израелската армија извршила напади и врз други цели во јужен Либан, тврдејќи дека цел била воената структура на Хезболах.