Поморскиот сообраќај во многу пристаништа во Грција е во прекин поради силниот ветер.

Според грчката државна телевизија ЕРТ, поради силните ветрови на Егејското Море, воведена е забрана за пловидба во многу пристаништа меѓу кои Пиреја, Лаврио, Рафина, Волос и Кавала.

Поради забраната значително е во прекин поморскиот сообраќај во целата земја, а транспортот до многу острови во моментов не е можен, пренесуваат медиумите.

Според податоците на грчката метеоролошка служба, се проценува дека брзината на ветерот во регионот денеска ќе се зголеми, што значи дека би можел да достигне ниво на брзина на урагански ветер од 89 до 102 километри на час.

Текстот Во грчките пристаништа ветерот го запре поморскиот сообраќај – транспортот до многу острови е невозможен е превземен од МАКФАКС.