Грција нема повеќе толеранција за лежалки и чадори што туристите ги оставаат во текот на вечерта за да си резервираат место на плажа.

Во туристичкото место Неа Флогита на Халкидик чистка се правеше со багери, а сопствениците на опремата бурно реагираа против службата.

Лежалките и чадорите завршија на куп, кој подоцна беше однесен со камион.

На почетокот на годината грчкиот премиер Киријакос Мицотакис вети дека ќе воведе ред на плажите, а беше донесен и закон против нелегално поставените лежалки и маси од страна на сопствениците на баровите.

Прикажи повеќе