Нов негативен рекорд бележи денеска Грција со регистрирани 5.449 нови случаи на Ковид-19, што е првпат, од почетокот на пандемијата, во земјата да има над 5.000 новозаразени, а во изминатите 24 часа починаа 52 лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Advertisements

Дополнително, зголемен е и бројот на пациенти приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега во болниците, вкупно 430, девет повеќе од вчера.

Од нив, 364 односно 84,65 отсто се невакцинирани или делумно вакцинирани, а останатите 66 (15,35 проценти) се вакцинирани.

Новите случаи се од намален број тестови, вкупно 82.593 (76.503 се рапид и 6.090 ПЦР), со оглед на тоа што во саботата имаше над 270.000 тестови и 4.696 заразени.

Од почетокот на пандемијата, во Грција се потврдени вкупно747.595 случаи на Ковид-19, а починаа 15.990 лица.

Прикажи повеќе