Вкупно 15 мигранти од Египет и Сирија се пронајдени синоќа во возило на регионалниот пат Богданци–Гевгелија, на место викано „Македонија Пат“, од полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица, информираат од МВР.

Како што информираат од МВР лицата биле предадени во Прифатно-транзитен центар Винојуг, Гевгелија.

-Денеска во 00:30 часот на регионален пат Богданци–Гевгелија, на место викано „Македонија Пат“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица забележале патничко возило „мерцедес“ со француски национални ознаки, во кое се превезувало мигранти и кое не застанало на знак за запирање даден од полициските службеници. Набргу, возилото запрело, по што возачот го напуштил местото, а при преглед во возилото биле пронајдени 15 лица-мигранти, од кои 12 од Египет и три од Сирија, се вели во соопштението од МВР.

Од МВР информирата дека се преземаат  мерки за расчистување на случајот.

Текстот Во возило откриени 15 мигранти од Египет и Сирија е превземен од МАКФАКС.