Бугарија денеска објави рекорден број смртни случаи од коронавирус во еден ден. Статистиката покажува дека во земјата има 5.286 новозаразени, нешто помалку отколку на врвот во октомври, но 334 луѓе починале, што е највисок дневен број од почетокот на пандемијата.

Advertisements

Над 8.500 луѓе се во болници, вклучително и 734 на интензивна нега, покажуваат и податоците.

Бугарија минатиот месец воведе ковид-пропусници за влез во повеќето области во внатрешноста на земјата за да го држи под контрола ширењето на инфекцијата и да ја забрза вакцинацијата. Досега само 30 отсто од возрасните ги примиле двете дози.

Над 250.000 луѓе се вакцинирани со најмалку една доза откако пропусницата за Ковид стана задолжителна на 21 октомври.

Многу Бугари се скептични за вакцината поради недовербата во државните институции, дезинформациите и контрадикторните пораки испратени од политичарите, наведува Ројтерс.

Потсетуваме дека во земјата со околу седум милиони жители, на 14 ноември годинава се одржуваат парламентарни и претседателски избори.

Прикажи повеќе