Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ Жозеп Борел вечер во Брисел организира неформална вечера за лидерите на Западен Балкан. Оваа неформална вечера има за цел да се разговара за главните прашања и предизвици со кои е соочен регионот, меѓу кои најчувствителни се Босна и Херцеговина и Косово. На вечерата ќе присуствува и премиерот Димитар Ковачевски.

Advertisements

Покрај вечерата, како што информираат македонски дипломати во ЕУ, премиерот Ковачевски ќе оствари и билатерална средба со Борел. Премиерот Ковачевски ќе се сретне и со неговиот белгиски колега Александер Де Кро. Северна Македонија очекува одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ во рамките на преговорите за членство, одобрени од страна на сите земји членки во март 2020, но Бугарија продолжува да го блокира процесот поради билатерални прашања.

Прикажи повеќе