Во некои болници во Хонгконг нема слободни места за пациенти, па затоа ги сместуваат на кревети надвор од болницата. Ова навистина се случува во болницата „Каритас“ во Хонгконг.
Агенцијата АФП објави фотографии на кои се гледаат редици со кревети надвор од болницата. Имало и шатори шатори во близина на болницата кои служат за привремено сместување на пациентите.
Медиумите пренесуваат и дека надвор од болницата биле забележани луѓе завиткани во прекривки кои чекаат да бидат примени во болницата. Ова е особено шокантно со оглед на тоа што Хонгконг е едно од најскапите места за живот во светот.
Градот моментално се бори со петтиот бран на ковид-19. На 17 февруари биле потврдени 6.116 новозаразени лица. Последната седмица бројот на заразени лица значително се зголемил.
Sick and tired.
Outside a Hong Kong hospital dozens of elderly patients on gurneys huddle under blankets on a cold, wet winter’s night — a grim scene for the city as its health system buckles under an Omicron-fuelled coronavirus wavehttps://t.co/c1B7SxVj2R pic.twitter.com/lExBLBoc0L
— AFP News Agency (@AFP) February 17, 2022
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.