Полицијата во Белгија уапси седум лица денеска под сомнение дека подготвувале „терористички“ напад, соопштија федералните обвинители, додавајќи дека биле спроведени 14 рации ширум земјата.
„Засега нема детали за локациите или целите, но она што беше пронајдено нè наведува да веруваме дека се подготвувал напад“, изјави портпаролот на обвинителството, Арно д’Оултремон, пренесува МИА.