Министерката за туризам и животна средина на Албанија, Мирела Кумбаро, ги објави податоците за туристичките посети за периодот јануари-јули годинава. Имало над 5 милион посетители, што е за 31% повеќе од истиот период минатата година, која беше најдобра досега. Само во јули Албанија ја посетиле 1,7 милиони странци, односно 26% повеќе од лани. Гостите од Шпанија имаат раст од повеќе од двојно, од Турција за 142% повеќе, од Црна Гора за 62, од Франција за 58, од Италија за 53. Подобрување на бројот на туристи има и од Украина, за дури 153% повеќе, како и од Кина за 152%.