Подваријантата на омикрон „БА.2“, која е позаразна, се повеќе се шири во Австрија. Тоа го покажуваат и податоците од провинцијата Долна Австрија, каде секоја петта инфекција била предизвикана од „БА.2“.

„БА.2“ се шири побрзо отколку што очекуваа австриските власти.

Во изминатите две недели уделот на новата варијанта се зголеми на 20% – објасни покраинскиот секретар за здравство, Улрике Коенигсбергер-Лудвиг.

Во Долна Австрија, според податоците, експертите предупредуваат на „бран во бран“.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.