Австралија од 10 јануари ќе почне со вакцинација против ковид-19 на деца на возраст од пет до 11 години, изјави денеска аврстралискиот премиер Скот Морисон, откако воведувањето на вакцината ги помина последните регулаторни пречки.
„Ова ќе биде добредојдена вест за милиони семејства низ целата земја кои сакаат да ги вакцинираат своите деца“, додаде Морисон.
По прегледот на клиничките податоци во Канада, советодавната група за вакцинација препорача осумнеделен интервал меѓу дозите, што може да биде скратаен на три недели доколку се влоши епидемиолошката ситуација.
Во почетната фаза ќе се даваат вакцините на „Фајзер“, додека регулаторите ја проценуваат соодветноста на вакцината на „Модерна“ и таа одлука се очекува во наредните недели.