На социјалните мрежи е поделена снимка која настанала во Австралија, а втор се запрашал дали оваа навика е вообичаена за сите жители на оваа земја.
Видеото покажува луѓе кои по улиците одат боси, без разлика дали минуваат на пешачки премин, одат по тротоар или посетуваат угостителски објекти.
„Дали е ова нормална работа во Австралија?“, прашува авторот.
Во коментарите добива одговор дека тоа е нормална работа на крајбрежните градови.
„Четвртина од луѓето кои живеат во крабежните градови, не носат обувки. Зависи од тоа колку сте блиску до плажата. Може да видите и машки кои не носат маици“.
Некои прашуваат колку е тоа добро од хигиенска природа, при што добиле одговор дека улиците се чисти и дека нема никаков проблем околу тоа.