Во реката Потомак се уште е во тек масовна операција за пребарување и спасување.

Во Вашингтон е 2 часот по полноќ. Шефот на службата за итни случаи Џон Донели предупреди дека условите се „исклучително тешки“ поради слабата осветленост и ниските температури.

Тасс: Во авионот биле уметнички лизгачи од Русија

Како што јави агенцијата Тасс од Русија, во авионот што се урнал се наоѓале двајца лизгачи од таа земја.

Тасс пренесува дека тоа се Евгенија Шишкова и Вадим Наумов, кои во 1994 година во парови го освоија Светското првенство во уметничко лизгање. Инаку, двајцата се во брак.

Текстот Во авионот што се урна биле и уметнички лизгачи од Русија, трае потрагата по преживеани е превземен од МАКФАКС.