Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) денеска ќе одржи вонреден состанок на постојаните претставници за да се обиде да најде решение за украинската криза. Ова го изјави полскиот заменик-министер за надворешни работи Павел Јаблонски за новинската агенција ПАП, одговарајќи на барањето од Украина поради руско-западните тензии. Полска го презеде едногодишното претседавање со ОБСЕ во јануари.
Пред една недела Украина побара разговори со Русија и членките на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, на кои ќе се разговара за зајакнување на руската армија во близина на Украина и во рамките на Крим. ОБСЕ распореди набљудувачка мисија во Украина во 2014 година, по руската анексија на Крим и почетокот на судирите меѓу силите во Киев и проруските сепаратисти во источна Украина.