Британските медиуми пишуваат дека Кајл Вокер (32) речиси сигурно ќе го напушти Манчестер Сити на крајот од оваа сезона. Вокер ќе ја доживее судбината на Жоао Кансело, откако Пеп Гвардиола одлучил дека му треба некој помлад на позицијата десен бек.

Advertisements

Според медиумите во Англија, во летниот преоден рок, Вокер би можел да направи сензационален трансфер. И Вокер, исто како и Кансело, изгуби значителна минутажа оваа сезона, јавно кажува дека не е среќен од таквиот статус, но изгледа и самиот е свесен дека тоа ќе биде тешко да се промени и дека Гвардиола веќе одлучил дека е вишок во тимот.

„Мирор“, пишува дека „Граѓаните“ речиси сигурно ќе го продадат Вокер на крајот од сезоната и ќе донесат засилувања на позицијата десен бек.

Вокер има договор со Сити до летото 2024 година, а од неговата продажба се очекува клубот да заработи околу 15 милиони евра. Наводно, најголем интерес за него покажал Милан кој на лето сака да доведе десен бек, а Вокер им е прва желба.

Вокер е свесен дека повеќе нема недопирлив статус во Сити и наводно нема ништо против да замине во Милан, што би претставувало нов голем предизвик во неговата кариера.